Спалети: Постои доза на страв против Македонија

1137

Селекторот на Италија, Лучано Спалети зборуваше за претстојните натпревари со Македонија и Украина во квалификациите за ЕП 2024. Тоа се клучни мечеви за „Аѕурите“.

Прво да ја победиме Македонија па ќе размислуваме за нашите шанси за пласман на ЕП. Се разбира, ќе има промени пред мечот со Украина, бидејќи играме два натпревари за кус период. А од кого се плашиме повеќе? Присутна е одредена доза на страв, но мислам дека заедно ќе ja пребродиме. На мечот со Англија видов многу позитивни работи.

Обично ги бришеме поразите од нашата меморија, но меѓутоа некои делови, оние позитивните, се обидуваме да ги задржиме за следните натпревари“, изјави Спалети.

Италија против Македонија ќе игра на 17 ноември.

ПретходноБомба од Битола: Кузмановски е нов член на Пелистер!
СледноМацари се враќа во Неапол и ќе му биде тренер на Елмас