Струга ТЛ со неверојатен скок од 89 места на УЕФА ранг листата, Шкендија и натаму наш најдобро рангиран клуб! (ФОТО)

1077

Од денеска е познато како, односно на кое место нашите клубови ќе ја завршат годината на УЕФА ранг листата. Рангирани се седум клубови, кои во последните пет сезони имале настапи на европската сцена и тие резултати им се земаат за оваа листа.

Шампионот, тимот на Струга ТЛ, по европските успеси ова лето, кога беше на чекор до пласман во групната фаза во ЛК, има неверојатен скок од 89 места, и сега се наоѓа на 328. место во Европа и тоа со коефициент 3.500.

Иако ова лето Шкендија прописно се избламира, сепак тетовци и натаму се наш најдобро рангиран клуб со коефициент 8.000 и годината ќе ја завршат на 176. место, иако имат пад од цели 26 места.

Шкупи е на 179. место со коефициент 7.500 и со скок од три места.

Следуваат Македонија ЃП, Силекс, А. Пандев (Брера Струмица) и Ренова.

No description available.

ПретходноХаос во евроквалификациите, на Бугарија и се заканува исфрлање?
СледноАнглија без Белингем против Македонија