Хаос во евроквалификациите, на Бугарија и се заканува исфрлање?

10486

Репрезентацијата на Бугарија во четврток треба ја пречека Унгарија во квалификациите за ЕП, но одигрувањето на тој натпревар во моментов е под голем знак прашалник. Проблемот е што Бугарија не може да најде стадион на кој ќе се игра натпреварот.

Поради страв од нереди на навивачите, бугарските власти побарале натпреварот да се одигра без публика, што УЕФА го прифатила. Од безбедносни причини натпреварот беше преместен и од Софија во Пловдив. Сепак, стадионот во Пловдив во моментов е во реконструкција и нема да биде подготвен за натпреварот.

Бугарите затоа сакаат Арда Арената во Крџали да биде домаќин на натпреварот, но не се сигурни дали тој стадион ги исполнува сите барања на УЕФА. Се уште се чека одговор од европската фудбалска организација.

Доколку овој натпревар не се одржи, на Бугарија и се заканува исфрлање од евроквалификациите. Во тој случај најмногу би користела српската репрезентација, со оглед на тоа дека би биле избришани сите освоени бодови против Бугарија.

ПретходноДве нови имиња во составот на „аѕурите“ за мечот со Македонија
СледноСтруга ТЛ со неверојатен скок од 89 места на УЕФА ранг листата, Шкендија и натаму наш најдобро рангиран клуб! (ФОТО)