Вечерва во “Штарк Арената“ во Белград, Ц. Звезда конечно ги искажа сиот свој потенцијал, сета своја моќ и успеа да го декласира славниот Фенербахче и тоа со 87:56.
“Црвено – белите“ уште од стартот на мечот, носени од своите фанови, покажаа дека овој натпревар имаат намера и тоа како да го добијат. Првата четвртина ја добија во своја корист со 25:16, а потоа се беше полесно.
Разликата само се зголемувше. Работите да ни бидат идеални е фактот дека Нејпир и Јаго се повредија, првиот мораше да биде префрлен во болница поради скршеница на носот.
Теодосиќ со 18 поени беше најефикасен, а тука беа и неговите соиграчи Боломбој со 14 и Недовиќ со 12 поени.
На останатите мечеви вечерва во Евролигата од 8.коло, Монако како домаќин беше поразен од Анадолу Ефес со 82:89. Олимпијакос среде Белград, во салата “Александар Николиќ“ како гостин го победи Макаби со 74:79. Реал Мадрид како гостин славеше кај Валенсија со 73:76, а Виртус го победи Милано со 86:79.