Англиската репрезентација без двајца фудбалери ќе настапи на мечот со Македонија во Скопје (20 ноември) во рамките на квалификациите за ЕП 2024. За „Гордиот Албион“ нема да настапи младиот фудбалер на Реал Мадрид, Џуд Белингем. Покрај него вон стројот е и фудбалерот на Челзи, Леви Колвил.
Причината е повреда и тие се испратени во Англија на рехабилитација.
Покрај нив двајца Англичаните на мечевите со Малта и Македонија ќе игра без Медисон, Вилсон, Данк. Селекторот Герет Саутгејт ги замени овие отсутни со Езри Конса, Рико Луис и Кол Палмер.