Костадинов: Среќен сум што повторно сум дел од репрезентацијата!

214

Тихо Костадинов по подолга пауза повторно е со своите репрезентативни колеги. Тешката повреда и долгата рехабилитација за него се минато, па секако дека на неговата среќа и нема крај што одново е дел од селекцијата на Македонија.

Среќен сум што повторно сум дел од репрезентацијата. Минав доста тежок период, но сега тоа е минато. Сакам тој период да биде зад мене. Најважно е што се чувствувам добро, исто се чувствувам подготвен“ вели играчот за врска на Пјаст на селекцијата на Македонија.

За тоа што ја очекува Македонија на гостувањето во Италија, а потоа и за мечот во Скопје со Англија, тој посочи:

Не очекуваат два меча со две моќни селекции. Сепак на последните мечеви во септември и октомври беше добро, и тоа ни дава мотив за надигрување со Италија и со Англија. Со Италија во Рим не чека многу поразлечен меч од тој што беше во Скопје, наша задача е да го дадеме максимумот, притисокот е на нивна страна, а наше е уште еднаш да дојдеме до позитивен резултат“ заклучи Костадинов.

ПретходноИ Швајцарците си признаа: Новак е најголемиот во историјата! (ФОТО)
СледноОфицијално: “Коцкарот“ Фаџоли во Јуве до 2028! (ФОТО)