Седлоски: Мојот начин на работа кој носеше титули ќе го наметнам и во Работнички!

1996

Нема што. Голем, фантастичен потег на новото раководството на Работнички. Имено од денеска нов стратег и официјално на тимот од Дебар маало е Гоце Седлоски. Човекот наречен – успех. Само да потсетиме, со Хоризонт Т ја освои есенската титула, со Вардар освои титули и како тренер и како спортски директор, а пред две сезони по пауза од две децении ја донесе титулата и на Чаир.

При промоцијата Седлоски покрај другото истакна:

Чест ми е што доаѓам во еден таков клуб како Работнички. Би сакал да му се заблагодарам на новото раководство на клубот за укажаната доверба. Ова за мене е сериозна обврска. Верувам дека овој проект на крајот на сите нас ќе ни донесе многу радости и секако трофеи. Мојот начин на работа кој носеше титули ќе го наметнам и овде. Тоа е работа, ред и дисциплина. Има голем потенцијал во овој тим и со неколку засилувања ќе изградиме колектив со кој ќе се гордееме“ изјави новиот шеф на Работнички.

Директорот на Работнички, Сенад Муминовиќ по повод промоцијата на новиот тренер истакна:

ФК Работнички е едно од најреномираните македонски фудбалски брендови, име кое е сериозно препознатливи и во Европа. Гоце Седлоски е фудбалска величина и тренер кој сигурно е дека ќе помогне да се врати шампионскиот дух во клубот од Дебар маало. Му посакуваме се најдобро, ќе ја има нашата максимална поддршка и се надеваме дека Работнички набргу ќе биде на позициите кои ги заслужува“.

Инаку Седлоски потпиша договор во времетрање од 18 месеци. Утре ќе го има првиот тренинг, а своето деби како тренер на Работнички ќе го во недела во Куманово на пријателската со Башкими.

ПретходноЖоржињо: Македонија ни даде два гола од два шута на две средби!
СледноМЗТ Скопје прокоцка плус 15 за втор пораз во АБА2