Брајтон го „врза“ својот талент до 2029 година и постави рекордна сума за негов трансфер

408

Талентираниот 19-годишен Еван Фергусон сезонава блесна во Премиер лигата. Во 2023 година тој постигна 10 голови што стана првиот тинејџер по Вејн Руни (во 2005) со двојна бројка на голови во една календарска година во најсилната англиска лига.

Репрезентативецот на Република Ирска исто така постигна три гола во осум меча за репрезентацијата, а денеска тој го продолжи договорот со Брајтон до јуни 2029 година.

Со тоа клубот од југот успеа да ги оттргне големите кои се заинтересирани за овој фудбалер посебно Тотенхем кој бара замена за Хари Кејн.

Во договорот на Фергусон нема откупна клаузула, но клубот би го продал за рекордна сума во Премиер лигата. А рекордот засега го држи Моисес Каиседо кој од Брајтон прејде во Челзи за 115 милиони фунти. Тоа значи дека Фергусон ќе биде продаден минимум за споменатата сума, пренесуваат медиумите од Англија.

ПретходноИталија остана без првотимец во одбраната поради повреда
СледноХејс го наследи Андоновски на клупата на САД и е најплатена жена-тренер во светот