Мари-Луис Ета стана првата жена фудбалски тренер во Бундес лигата

1051

За првпат во историјата на Бундеслигата, жена ќе работи како тренер на машки тим. Унион Берлин ја соопшти разделбата со Урс Фишер, а на негово место како в.д. тренер е назначен Марко Гроте. Во неговиот стручен штаб е и 32-годишната Мари-Луис Ета. Таа е прва девојка фудбалски тренер на машки тим во најсилната германска лига.

Претходно Ета, работела како помошник на Гроте во младиот тим на Унион Берлин. Taa е поранешна фудбалерка на Потсдам Турбине со кој ја освои ЛШ во 2010 година, а исто така беше германски клупски првак и неколку пати освојувач на германскиот Куп. Таа играше и за националниот тим.

По 11 кола во Бундес, берлинскиот клуб има шест поени и е на 18. позиција на табелата.

ПретходноХејс го наследи Андоновски на клупата на САД и е најплатена жена-тренер во светот
СледноПартизан поразен во Минхен, Басконија ја совлада Барса во шпанскиот дуел