Аргентинскиот фудбалски тренер Марсело Гаљардо ќе биде нов тренер на саудискиот клуб Ал-Итихад, каде прва ѕвезда во тимот е францускиот репрезентативец Карим Бензема. Откако му беше врачен отказ на Нуно Еспирито Санто, Саудијците почнаа со сериозна потрага по негова замена, па одлуката падна на човекот кој ја водеше екипата на Ривер Плата.
Поранешниот тренер на Ривер ја прифатил понудата која ја доби од сопствениците на Ал-Итихад и ќе биде нов тренер на тимот кој ќе игра на следниот клупски Мундијал.
„Тренерот и неговиот агент ги чекаат договорите и ако се е во ред, тој ќе отпатува во наредните денови за да го има своето деби“, потврди новинарот Сезар Луис Мерло.
На овој начин, Гаљардо ќе стане еден од најплатените тренери на планетата.