Атанасов по поразот на МЗТ Скопје: Ова е само еден меч, одиме понатаму

248

МЗТ Скопје наместо сигурна победа, остана со празни раце по првиот меч на турнирот во Златибор. Актуелниот македонски првак имаше водство од 15 поени во третата четвртина, а во решавачките десет минути заборави како се постигнуваат поени, па противникот приреди серија од 13-0 за целосен пресврт.

Предводникот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов беше краток во изјавата по мечот, а како причина ги наведе слободните фрлања и најави победи на следните два меча, тоа значи против Сутјеска и Борац.

„Слободните фрлања одлучија. Одиме на победа на двата преостанати натпревари. Секако, нема тука да застанеме. Ова е само еден натпревар, одиме понатаму“, краток беше Атанасов.

ПретходноПандев нема да оди на „неговиот“ Олимпико да ја бодри Македонија
СледноИталијанскиот тенисер го нападна Ѓоковиќ: Федерер и Надал никогаш не се однесувале вака