Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру ќе ги пропушти следните два меча за „росонерите“ во Серија А. Французинот беше исклучен во судиското продолжение на мечот со Лече (2:2) од 12. коло во италијанското првенство поради кавга со судијата.
Според одлуката на дисциплинската комисија, Жиру ќе ги пропушти средбите со Фиорентина на 25 ноември и со Фросиноне на 2 декември.
Оваа сезона, 37-годишниот Французин одигра 11 настапи во Серија А за Милан, постигнувајќи 7 гола и 3 асистенции.