Играч на Монца преку социјални мрежи дознал дека е повикан во репрезентацијата

724

 

Играчот од средниот ред на Монца, Андреа Колпани посочи дека дознал за повикот во репрезентацијата на Италија преку социјалните мрежи, пренесува „калчомеркато“. Според 24-годишниот фудбалер, го видел списокот на играчи кои селекторот Спалети го објавил на социјалните мрежи.

Тој изјави дека се надева дека ќе добие и минутажа на претстојните натпревари против Македонија и против Украина кои се решавачки за пласман на ЕП 2024. Оваа сезона Колпани има 13 натпревари за Монца со ефект од шест гола и една асистенција.

Колпани е роден во Бреша, но првите фудбалски чекори ги направил во Аталанта. Не заиграл за првиот тим бидејќи бил позајмен во Трапани, а од 2020 до 2022 на позајмица во Монца. А Монца по завршување на позајмицата го откупи неговиот договор.

 

ПретходноИ Варан сака да си оди од „Олд Трафорд“ оваа зима
СледноИталија остана без првотимец во одбраната поради повреда