Поранешниот италијански тенисер Адријано Паната го критикуваше Новак Ѓоковиќ во текот на целиот меч додека играше против Јаник Синер во финалето во Торино. Српскиот тенисер беше поразен, а за време на мечот публиката беше против него, се обидуваше на секој начин да го испровоцира.
Така во еден момент од третиот сет, додека публиката го исвиркуваше, најдобриот тенисер во светот ги крена рацеете додека седеше на клупата.
Поранешниот победник на Ролан Гарос, беше многу груб кон Ѓоковиќ додека го гледаше натпреварот за телевизија како стручен консултант:
„Дали некогаш сте виделе Федерер или Надал да се однесуваат како Ѓоковиќ“, рече тој на кого не му се допадна дека Ноле отишол во тоалет и побарал помош од физиотерапевт, оценувајќи дека со овие работи само сакал да му го наруши ритамот на противникот.