Алесандро Бастони нема да игра за Италија против Македонија поради повреда. Мечот се игра во петок на „Олимпико“, а Спалети го планираше Бастони во одбраната во формацијата 4-3-3 заедно со Ачерби, Дармијан и Димарко.
Тој е испратен на лекување и ќе го пропушти дуелот и со Македонија и со Украина.
Уште еден хендикеп за Италија е повредата на Мануел Локатели поради напукнато ребро, а нема да играат уште Алекс Мерет, Рафаел Толои и Давиде Калабриа.
Местото на Бастони се очекува да го популни Алесандро Бонџорно или Федерико Гати.