Човекот кој на двапати им приреди огромно разочарување на Италијанците, нашиот репрезентативен напаѓач Александар Трајковски ќе биде дел од селекцијата на Благоја Милевски која попладнево лета за Рим. Македонија в петок ја чека претпоследниот меч од квалификациите за ЕП 2024, а Трајковски иако беше повикан за двомечот со Италија и Англија, до денеска беше неизвесен дали воопшто ќе патува.
Напаѓачот на сплитски Хајдук има повреда која во изминатите неколку дена беше уредно санирана, па откако денеска била направена и магнетна резонанца, потврдено е дека тој може да патува со селекцијата во Италија и ќе му се стави на располагање на Милевски за дуелот на „Олимпико“.
Италијанците добро го паметат Алекс по головите во Палермо за победа од 1:0 во полуфиналето на баражот за СП 2022, како и оној претходно во Торино во квалификациите за СП 2018.