И Варан сака да си оди од „Олд Трафорд“ оваа зима

446

Рафаел Варан би можел да го напушти Манчестер Јунајтед веќе во јануари. Францускиот репрезентативец моментално е во втор план кај менаџерот Тен Хаг, откако предност на стоперската позиција имаат Мегваер и Линделоф.

Ова доведе до незадоволство кај дефанзивецот кој сака да го напушти „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок. Покрај него од Манчестер речиси сигурно ќе си замине и Џејдон Санчо кој моментално не тренира со првиот тим, а на излезна врата е и Дони ван ден Бек.

ПретходноРепрезентативец на Зимбабве почина на 32 години
СледноИграч на Монца преку социјални мрежи дознал дека е повикан во репрезентацијата