Кикс на Павловиќ ја чинеше Србија пораз од Белгија (видео)

1642

Фудбалерите на Србија се поразени од Белгија со 1:0 во пријателски натпревар. Мечот требаше да се одигра во Брисел, но поради очајната состојба на теренот „Бодуен“ тој е преместен во Лувен, каде немаше навивачи на трибините.

На „Орлите“ овој меч им беше загревање за последниот меч од квалификациите за ЕП против Бугарија во Лесковац во недела.

Единствениот гол го постигна Јаник Караско во 2. минута по грешка на голманот Страхиња Павловиќ. Бекот ја испрати топката до голманот Рајковиќ не забележувајќи дека таму е противничкиот играч Опенда. Рајковиќ некако успеа да стигне пред белгискиот напаѓач, но топката дојде до Караско кој ја затресе мрежата.

Србите имаа свои шанси, а во првото полувреме ја погодија стативата, а во второто  и пречката. И во двете ситуации шутираше Филип Ѓуричиќ.

ПретходноШвајцарија пропушти да го завери местото на ЕП, Израел во финишот освои бод
СледноПорто поразен од Монпелје