Јаник Синер – Новак Ѓоковиќ 2:1. Ова е епилогот од фантастичниот,но и драматичен меч од 2.коло на завршниот мастер во Торино. За еуфорија кај домашните фанови.
Едноставно КРАЛОТ, најголемиот е на колена. Синер покажа се што треба во овој меч и успеа да го добие.
Во првиот сет, Синер беше подобар и го доби со 7:5. Во вториот сет драма, се играше тај-брејк и тука Новак ги искажа сите свои квалитети за 1:1 во сетови.
И во третиот, решавчки сет повторно тај-брејк, но сега Синер беше брилјантен, Новак беше немоќен и Италијанецот го доби со 7:2 за конечни 2:1 во сетови.
Секако дека ова е најголемата победа во кариерата на младиот Синер кој покажа одважност, храброст и секако квалитет.
Браво за Синер, а ова за Новак беше само шести пораз во 2023 година и со овој пораз Новак си го загрози пласманот во полуфиналето на завршниот мастерс во Торино.