Крива Паланка есенски пингпонгарски шампион

137

Екипата на Крива Паланка без ниту еден пораз е есенски шампион во македонската пингпонгарска Супер лигата. Веднаш позади Крива Паланка е неколкукратниот шампион Младост 96 со 17 бодови, а на третото место е Шампиони ФА со 15 бодови.

Во Првата македонска лига, втора по ранг по Супер лигата, Астраион од Струмица е екипата без ниту еден пораз и со 16 бодови на врвот. Веднаш позади се Радовиш со 15 и Прилеп со 14 бодови.

И покрај доминацијата на екипите од Крива Паланка и Струмица во двете најдобри лиги пролетниот дел од сезоната ќе биде особено возбудлив и неизвесен.

Покрај лигашките натпревари во јануари во Скопје ќе се одржи Европско првенство во категорија до 21 година, додека во септември годинава Пинг понгарската федерација го организираше меѓународниот натпревар WTT Youth Star Contender.

ПретходноБелгија место во Брисел вечерва ќе ја пречека Србија во Лувен
СледноЕдна добра четвртина не носи победа: Пелистер поразен од Војводина