Неверојатни сцени ни доааѓаат од Бразил, каде дел од раководството на Коринтиас незадоволно од одлуката на мечот со Гремио, се обиде насилно да влезе во ВАР собата.
Прво не бил досуден пенал за домашните, потоа по интервенција на ВАР, на фудбалер на Коринтиас му бил покажа црвен картон. Тоа било врв на сиот гнев на домашните па потоа тие се обиделе да влезат во ВАР собата.
Во таа хајка ги предводел спортскиот директор на клубот Алесанро Нуњез, кој потоа изјавил:
“Ова е начинот со кој јас сакав да протестирам против сиот апсурд на ВАР судиите. Тие место да му помагаат на судијата на теренот, само му одмогнуваат. Беше чист пенал за над, јас не знам уште колку ќе гледаме вакви грешки на ВАР судиите“.
Покрај сите случувања Коринтиас сепак славел победа од 1:0 против Гремио.
Here’s Corinthians' Director of Football Alessandro Nunes trying to storm into the VAR room after a few poor decisions 😭😭😭 pic.twitter.com/lcjsNIbnla
— george (@StokeyyG2) November 14, 2023