Најдобриот македонски фудбалер и поранешен капитен на националниот тим, Горан Пандев нема да дојде да ги гледа „црвено-жолтите“ на дуелот против Италија во Рим. Македонија и Италија ќе се одмерат силите во петок во рамките од претпоследното коло во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.
Пандев не е во контакт со раководството на ФФМ, па мечот ќе го гледа на ТВ, наместо на неговиот „Олимпико“ каде играше кога беше член на Лацио. Легендарниот капитен нема добиено покана, а дека нема да биде на трибините потврди за тамошните медиуми.
„Ќе го гледам мечот на телевизија, нема да одам во Рим. Тоа е специјален натпревар за мене, и не сакам да давам никакви прогнози“, рече Пандев.
Тој со неговата фамилија по завршувањето на кариерата останаа да живеат во Џенова.