Партизан поразен во Минхен, Басконија ја совлада Барса во шпанскиот дуел

84

Кошаркарите на Партизан се поразени во Минхен од Баерн во 8.коло на Евролигата со резултат 94:85.

Кошаркарите на Партизан се поразени во Минхен од Баерн во 8.коло на Евролигата со резултат 94:85. Кај „Баварците“ најефикасен беше Евардс со 21 поен, а Франциско постигна 17. Кај Партизан дебитираше Кабоклу со 19 поени.

Басконија славеше со 94:71 против Барселона во шпанската пресметка. Тоа е четврта победа на тимот од Баскија сезонава, а трета по ред, додека за Барселона втор пораз.  Басконија исто така ја прекина серијата од пет едноподруго порази од Барселона во сите натпреварувања.

На другите мечеви Лион славеше во гости кај Алба со 73:68, додека Панатинаикос го совлада Жалгирис со 73:71 на домашен терен.

Standings provided by Sofascore
ПретходноМари-Луис Ета стана првата жена фудбалски тренер во Бундес лигата
СледноШвајцарија пропушти да го завери местото на ЕП, Израел во финишот освои бод