Белгија место во Брисел вечерва ќе ја пречека Србија во Лувен

127

Пријателскиот натпревар меѓу Белгија и Србија кој требаше да се одигра вечерва во Брисел, во последен момент е преместен во Лувен, откако во текот на цчерашниот ден врнеше цел ден во главниот град на Белгија, а теренот на стадионот „Крал Бодуен“ е поплавен.

„Не можеме да го организираме натпреварот за толку кратко време, гарантирајќи ја безбедноста на публиката. Поради оваа причина, натпреварот ќе се одигра без присуство на навивачи во Лувен“, соопштија од Белгиската федерација.

Влезниците за вечерашниот натпревар се откажани, а на навивачите кои веќе купиле билети ќе им бидат вратени парите во рок од 30 дена.

ПретходноАл-Итихад го договори Марсело Гаљардо за нов тренер на тимот
СледноКрива Паланка есенски пингпонгарски шампион