Трофејниот македонски тренер Гоце Седлоски денеска го одржа првиот тренинг со својот нов клуб Работнички. Седлоски вчера и официјално беше промовиран во нов тренер на „романтичарите“ кои со новите газди сериозно се наметнуваат како клуб кој треба да се врати во врвот на нашата прволигашка конкуренција.
Седлоски денеска се запозна со фудбалерите и ги пренесе своите први замисли за начинот на кој ќе игра тимот во продолжение од сезоната.