УЕФА ја претстави топката со која ќе се игра Евро 2024 во Германија (ФОТО)

428

УЕФА денеска го објави изгледот на фудбалската топка со која ќе се играат натпреварите на ЕП 2024 во Германија.

Топката на брендот Адидас го носи името „Fussballliebe“, што во превод значи „Љубов за фудбал“. Истата веќе може да се нарача по цена од 150 евра.

„Европското првенство го претставува врвот на конкуренцијата за европските репрезентации. Посветени сме да се погрижиме секој аспект, од теренот до опремата, да биде со највисок квалитет. Како и секогаш, уверени сме дека топката adidas Fussballliebe ќе одбележи уште еден чекор во нашата заедничка посветеност“, рече легендарниот хрватски репрезентативец, Звонимир Бобан, кој сега работи како технички директор на УЕФА.

Во соопштението се наведува дека УЕФА и Адидас за првпат во европските првенства ќе користат технологија која ќе овозможи увид во секој елемент од движењето на топката и која придонесува во процесот на одлучување со помош на ВАР технологијата. Дизајнот на топката го претставува нејзиното движење, како и енергијата на играта преку истакната црна боја, додека црвената, сината, зелената и портокаловата ги носат вибрациите на секоја нација што доаѓа на турнирот, како и чисто, едноставноста на фудбалот.

ПретходноФОТО на ДЕНОТ: Митрески му посака успешна работа на Седло во Дебар Маало
СледноАл-Итихад го договори Марсело Гаљардо за нов тренер на тимот