Хаос во НБА: Легендата на Вориорс го давеше Гобер (ВИДЕО)

707

Минесота го совлада Голден Стејт Вориорс со 104:101 на гостински терен за втора победа оваа сезона, додека пак Вориорс имаат скор 1-1. Тоа беше и втора победа за Минесота над Вориорс во рок од три дена.

На стартот на мечот се случи хаос. Клеј Томпсон и Џејден МекДаниелс почнаа да влечат и туркаат по само две минути игра. На теренот настана хаос. Се вмеша Дрејмонд Грин почна да го дави Руди Гобер, кој се обиде да ги раздвои Томпсон и МекДениелс.

Кога ситуацијата се смири, судиите исфрлија две од ѕвездите на Вориорс, Томпсон и Грин. Тоа беше дополнителен удар за Голден Стејт бидејќи влезе без својот најдобар играч Стеф Кари, кој има проблеми со коленото. Минесота не можеше да смета на суспендираниот МекДаниелс до крајот на натпреварот.

Резултати:
Шарлот – Мајами 105:111
Детроит – Атланта 120:126
Филаделфија – Индијана 126:132
Бруклин – Орландо 124:104
Оклахома – Сан Антонио 123:87
Њу Орлеанс – Далас 131:110
Јута – Портланд 119:99
Денвер – ЛА Клиперс 111:108
Голден Стејт – Минесота 101:104
ЛА Лејкерс – Мемфис 134:107

ПретходноЦиркус: Роналдо пак ќе игра во европската ЛШ! Ал-Наср добива покана за сезоната 2024/25!
СледноЃоковиќ поради еден потег беше жестоко исвиркан во Торино (ВИДЕО)