Хејс го наследи Андоновски на клупата на САД и е најплатена жена-тренер во светот

261

Менаџерката на женскиот тим на Челзи, Ема Хејс е именувана за нов селектор на женскиот фудбалски тим на САД. Таа имаше одлични резултати со Челзи во изминатите 11 сезони, во 2021 година беше прогласена за најдобар женски тренер од страна на ФИФА и беше финалист во изборот оваа година.

Хејс ќе го наследни македонскиот стратег Венко Андоновски кој се повлече во август по елиминацијата од Шведска во осминафиналето на СП 2023.

Од Федерацијата соопштија дека Хејс ќе биде најдобро платена жена фудбалски тренер во светот. Таа ќе добива три пати повисока плата од сегашниот најплатен тренер кај дамите Сарина Вигман, која е селектор на Англија.

Американките четири пати го освојува СП, а последен пат во 2019 година.

ПретходноБрајтон го „врза“ својот талент до 2029 година и постави рекордна сума за негов трансфер
СледноМари-Луис Ета стана првата жена фудбалски тренер во Бундес лигата