Јокиќ ладнокрвно гледаше како Клиперси „бегаат“ по поразот (ВИДЕО)

4216

Никола Јокиќ зад себе има уште една одлична вечер во НБА-лигата. Тој ги предводеше Нагетс до победата над Лос Анџелес Клиперс (111:108) со учинок од 32 поени, 16 скока и девет асистенции.

Клиперси се однесуваа неспортски по поразот. Гордите ѕвезди го напуштија паркетот без да се поздрават, но тоа не влијаеше премногу на Јокиќ, кој имаше ладнокрвна реакција.

Очигледно не му било важно дали ќе го поздрават или не, бидејќи е задоволен од настапот на својот тим кој по овој триумф има скор од девет победи и два порази.

„Денес направивме добра работа. Промашив неколку отворени и лесни шутеви, но се е добро се додека победуваме. Дома сме непоразени и сакаме така да остане“, изјави Јокиќ.

ПретходноЃоковиќ поради еден потег беше жестоко исвиркан во Торино (ВИДЕО)
СледноСоиграч на Талески го постигна најбизарниот гол (ВИДЕО)