Брутално добредојде за чудото од дете на Реал Мадрид (ВИДЕО)

7353

Чудото од дете од Бразил, Ендрик ја доби првата покана за настап во репрезентацијата на Бразил, што доволно говори за талент на 17-годишниот фудбалер.

Тој следното лето ќе му се приклучи на тимот на Реал Мадрид, а неговиот Палмеирас ќе заработи 52 милиони фунти.

Ендрик го одработи првиот тренинг со бразилската репрезентација, а фудбалерот на Арсенал, Габриел Магалхаес му приреди непријатно добредојде.

По тренингот сите го пофалија Ендрик, а меѓу првите тоа го направи неговиот иден соиграч во Реал Мадрид, Родриго.

„Тој е многу силен и многу брз, има брутална експлозивност“, изјави Родриго.

ПретходноКлоп, Артета и Тен Хаг сакаат играч од 120 милиони евра
СледноПандев нема да оди на „неговиот“ Олимпико да ја бодри Македонија