Ал-Итихад го договори Марсело Гаљардо за нов тренер на тимот

134

Аргентинскиот фудбалски тренер Марсело Гаљардо ќе биде нов тренер на саудискиот клуб Ал-Итихад, каде прва ѕвезда во тимот е францускиот репрезентативец Карим Бензема. Откако му беше врачен отказ на Нуно Еспирито Санто, Саудијците почнаа со сериозна потрага по негова замена, па одлуката падна на човекот кој ја водеше екипата на Ривер Плата.

Поранешниот тренер на Ривер ја прифатил понудата која ја доби од сопствениците на Ал-Итихад и ќе биде нов тренер на тимот кој ќе игра на следниот клупски Мундијал.

„Тренерот и неговиот агент ги чекаат договорите и ако се е во ред, тој ќе отпатува во наредните денови за да го има своето деби“, потврди новинарот Сезар Луис Мерло.

На овој начин, Гаљардо ќе стане еден од најплатените тренери на планетата.

ПретходноУЕФА ја претстави топката со која ќе се игра Евро 2024 во Германија (ФОТО)
СледноБелгија место во Брисел вечерва ќе ја пречека Србија во Лувен