МЗТ Скопје наместо сигурна победа, остана со празни раце по првиот меч на турнирот во Златибор. Актуелниот македонски првак имаше водство од 15 поени во третата четвртина, а во решавачките десет минути заборави како се постигнуваат поени, па противникот приреди серија од 13-0 за целосен пресврт.
Предводникот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов беше краток во изјавата по мечот, а како причина ги наведе слободните фрлања и најави победи на следните два меча, тоа значи против Сутјеска и Борац.
„Слободните фрлања одлучија. Одиме на победа на двата преостанати натпревари. Секако, нема тука да застанеме. Ова е само еден натпревар, одиме понатаму“, краток беше Атанасов.