Италија остана без првотимец во одбраната поради повреда

182

Алесандро Бастони нема да игра за Италија против Македонија поради повреда. Мечот се игра во петок на „Олимпико“, а Спалети го планираше Бастони во одбраната во формацијата 4-3-3 заедно со Ачерби, Дармијан и Димарко.

Тој е испратен на лекување и ќе го пропушти дуелот и со Македонија и со Украина.

Уште еден хендикеп за Италија е повредата на Мануел Локатели поради напукнато ребро, а нема да играат уште Алекс Мерет, Рафаел Толои и Давиде Калабриа.

Местото на Бастони се очекува да го популни Алесандро Бонџорно или Федерико Гати.

 

ПретходноИграч на Монца преку социјални мрежи дознал дека е повикан во репрезентацијата
СледноБрајтон го „врза“ својот талент до 2029 година и постави рекордна сума за негов трансфер