Репрезентацијата на Швајцарија не го осигура пласманот на Европското првенство 2024 година иако беше многу блиску до тоа. Им требаше победа над Израел во заостанатиот меч од групата и на крајот само ремизираа во дуелот што се одигра во Фелчут, Унгарија.
Швајцарците поведоа со погодокот на Варгас во 36 минута и го чуваа водството се до 88 минута кога Шон Вајсман искористи една грешка на швајцарската одбрана и погоди за 1:1. Во финишот многу нервоза кај Швајцарците и тоа резултираше со три жолти картони и еден црвен. A Гранит Џака стана рекорден за Швајцарија со 119 настапи.
Во групата Г, Израел си ги задржа шансите за место на ЕП на две кола пред крајот затоа што има 12 бода или четири помалку од првите две екипи Швајцарија и Романија (имаат по 16).
Швајцарија својата шанса за потврда на местото на ЕП ќе ја бара во сабота на домашен терен против Косово. Во последното коло игра со второпласираната Романија.
Израел треба да игра со Романија во директна пресметка за втората позиција и во последното коло на гости со Андора.