Не им се допадна одлуката на судиите па се обидоа насилно да влезат во ВАР собата! (ВИДЕО)

232

Неверојатни сцени ни доааѓаат од Бразил, каде дел од раководството на Коринтиас незадоволно од одлуката на мечот со Гремио, се обиде насилно да влезе во ВАР собата.

Прво не бил досуден пенал за домашните, потоа по интервенција на ВАР, на фудбалер на Коринтиас му бил покажа црвен картон. Тоа било врв на сиот гнев на домашните па потоа тие се обиделе да влезат во ВАР собата.

Во таа хајка ги предводел спортскиот директор на клубот Алесанро Нуњез, кој потоа изјавил:

Ова е начинот со кој јас сакав да протестирам против сиот апсурд на ВАР судиите. Тие место да му помагаат на судијата на теренот, само му одмогнуваат. Беше чист пенал за над, јас не знам уште колку ќе гледаме вакви грешки на ВАР судиите“.

Покрај сите случувања Коринтиас сепак славел победа од 1:0 против Гремио.

ПретходноСоиграч на Талески го постигна најбизарниот гол (ВИДЕО)
СледноКлоп, Артета и Тен Хаг сакаат играч од 120 милиони евра