„Нова Италија“ в петок против Македонија: Спалети со 7 нови стартери за разлика од Скопје!

665

Селекторот на Италија, Лучијано Спалети, има многу главоболки пред петочниот меч со Македонија во Рим, кој за „аѕурите“ може да биде решавачки на патот кон ЕП 2024. Поради големиот број повреди и откажувања, Спалети ќе мора да подготови и нова стратегија и нов играчки состав за да го надмине отсуството на дел планирани стартери.

За разлика од мечот во Скопје (1:1) кој го одиграа со нас во септември, Спалети сега најверојатно ќе почне со седум нови стартери!

Десниот бек на Наполи Џовани Ди Лоренцо кој е веројатно столб во играта на „аѕурите“ во оваа квалификациска фаза  доби три жолти картони и нема да може да се појави на теренот на „Олимпико“ во петок. Ако на ова отсуство се додаде и отсуството на Толои, Мерет, Локатели и Калабрија, како и фактот дека Спалети ги нема ниту Удоги, Мансини, Имобиле или Џорџо Скалвини, тоа значи дека ќе мора да направи низа стратешки промени во тимот кој ќе истрча против нас во петок.

Федерико Димарко како и во Скопје веројатно ќе стартува на лев бек, додека на местото на Ди Лоренцо стартер ќе биде Дармијан. Во средината на одбраната место Мансини ќе се најде Ачерби во двојка со Бастони.

Повратникот Жоргињо се очекува да биде стартер на позиција дефанзивен играч за врска, а малку пред него ќе играат Давиде Фратези и Николо Барела од Интер.

Со оглед на тоа што Имобиле повторно недостасува, Џанлука Скамака треба да добие предност во нападот, особено по неговиот гол против Англија минатиот месец. Во позиција на крилни напаѓачи би требало да стартуваат Федерико Киеза и Доменико Берарди. На голот неа да има промени, таму ќе биде Донарума.

ПретходноЕдна добра четвртина не носи победа: Пелистер поразен од Војводина
СледноОткако не им дадоа да навиваат за својата репрезентација: Бугарите утре ќе протестираат пред стадион!