Македонската фудбалска репрезентација со лет од скопскиот аеродром попладнево патува за Рим, каде на стадионот „Олимпико“ в петок ќе го одигра претпоследниот меч од квалификациите за ЕП 2024. Избраниците на селекторот Благоја Милевски со ведрима и добро расположение заминуваат на меч против репрезентација од светски калибар, против која по последните неколку меѓусебни дуели имаме одлични резулати. Се надеваме дека и в петок нема да биде ништо поразлично!
Напред момци!