Далас запиша деветта победа, Филаделфија поразена од Бостон (ВИДЕО)

205

Далас го победи Вашингтон со 130:117 на гостински терен и ја оствари деветата победа сезонава со која останува во трка со Денвер за водечкото место на табелата во Западната конференција. Мавси беа предводени од одлично расположениот Тим Хардавеј кој средбата ја заврши со 31 поен, како и словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ со 26 поени, 10 асистенции и седум скока.

Кошаркарите на Аталанта беа поразени од Њујорк со 114:116, а својот најдобар меч сезонава го одигра српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ со 28 поени, три скока и три асистенции. Њујорк до победата го предводеа Џулиус Рендл со 29, Џејлен Бренсон со 24 и Имануел Квикли со 20 поени.

Победа на гостински терен забележа и Милвоки, кој го совлада тимот на Торонто со 128:112. Најдобри кај Милвоки беа Демијан Лилард со 37 и Малик Бисли со 30 поени.

Минесота ја прекина серијата од седум победи, откако загуби од Феникс со 115:133. Сакраменто го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 125:110. Во другите натпревари Бостон ја победи Филаделфија со 117:107, Орландо го победи Чикаго со 96:94, а Кливленд го победи Портланд со 109:95.

ПретходноПорто поразен од Монпелје
СледноРеал и Барселона во трансфер војна: Кој ќе го добие Нико Вилијамс?