Пелистер без Гедбан и Сери против Пик Сегед

156

Актуелниот македонски првак, Пелистер денеска (18:45 часот) му гостува на Пик Сегед во рамките на седмото коло во Лигата на шампиони. Битолчани имаат серија од шест порази во низа во елитното европско клупско натпреварување, па ќе се обидат да дојдат до првото изненадување сезонава.

Тренерот, Бранко Ангеловски за овој меч нема да смета на Цветан Кузманоски, кој се повреди во Солун, додека пак во составот ги нема Калифа Гедбан и Руди Сери.

Вук Радивојевиќ, десното крило на македонскиот првак добро го познава Пик Сегед, беше дел од овој тим. Унгарскиот состав секогаш има голема поддршка од публиката, ракометот е спорт број еден во овој град.

„Драго ми е што ќе се вратам и ќе заиграм повторно во Сегедин. Едвај чекам да дојде натпреварот. Им остана шпанскиот систем кој го играат десетина години, но со новиот тренер и со некои нови играчи воведоа некои новини. Ги гледаме на натпреварите оваа сезона, се спремаме и мораме сите шеесет минути да играме добро, бидејќи ако малку се опуштиме, нема добро да поминеме. Мораме да ја спремиме главата да бидеме цел натпревар на ниво. Салата во Сегед е најубава ракометна сала во Европа. Тоа е само ракометна арена, таму не се игра ни кошарка, ни било кој друг спорт. Имаат и мала сала за тренинг покрај големата. Убаво е да се игра таму и среќен сум што нашите млади играчи ќе го искусат тој амбиент. Нам ни преостанува само да се надминеме и да се обидеме да победиме“, изјави Радивојевиќ.

ПретходноУЕФА подготвува казна за Косово поради свирежите на израелската химна
СледноТоти и Спалети ја обединуваат Италија пред најважниот меч со Македонија