Спалети: Во Македонија не се само Елмас или Барди, има и други добри играчи, тоа е тим за респект

862

Италија против Македонија! Во петок на „Олимпико“ во Рим со почеток од 20:45 часот. Многу важен меч за „Аѕурите“. И селекторот Спалети тоа го потврдува, а исто така додава дека мора да се внимава затоа што секоја грешка може скапо да ги чини.

Мораме да дадеме се од себе за да го добиеме овој натпревар. Треба да бидеме внимателни, се подготвуваме, анализираме…. Играчите имаат волја и да дадат повеќе од своите можности само за да се постигне целта. Станува збор за национална одговорност која на секој меч е се поголема и поголема. Навикнати сме пред вака важни натпревари да имаме проблеми со повреди, замор и откази. За жал тоа е составен дел од фудбалот. Играчите играат многу натпревари за своите клубови. Од дуелот во Скопје до сега работиме напорно за да се подобриме, за да ги намалиме грешките. Утре за нас ни е најважна победата, а потоа ќе видиме што понатака. Најважно е да одиграме одличен натпревар и да победиме.

Се надевам дека ќе имаме одлична атмосфера. Се враќам на овој стадион пред полни трибини. Треба да бидеме среќни што ќе играме пред толку публика, секогаш е мотивот поголем кога гледаме полни трибини.“, изјави Спалети.

Дали прави посебна тактика за Барди и Елмас?

Мислам дека Македонија не се само Барди и Елмас. Вашиот селектор кој е многу спремен кој ни докажа дека сте репрезентација за респект. Елмас тоа што го кажа денеска дека сака пак да не изненадат е доказ дека Македонија подготвува нешто. Елмас е супер дечко кој на мал простор знае да направи чудо

И Федерико Киеза вели дека „Аѕурите“ немаат други избор освен победа. Се друго ќе ги оддалечи од ЕП.

Треба да го дадеме максимумот и да направиме се за да победиме. Имаме голема одговорност, мора да победиме за да одиме на ЕП. Имаме лоши спомени од дуелите со Македонија, ќе ни биде тешко… Утре ќе го дадам максумумот, за тренерот и за моите соиграчи. Очекувам голема поддршка од навивачите. Ова за нас е премногу важен натпревар“, вели крилниот напаѓач на Јувентус.

ПретходноМодриќ за трансферот на животот: Седиш ли? Сакаат да играш за нивниот тим!
СледноМиклер го откажа Пелистер, македонскиот вицепрвак поразен во Сегедин