„Фалангата“ утре се собира и во Рим во македонска фан-зона

228

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска во 17 часот треба да го одржи официјалниот тренинт на „Олимпико“ во пресрет на утрешниот дуел со „аѕурите“ во квалификациите за ЕП 2024.

Иако нашата репрезентација нема шанси да се пласира на континенталниот собир, сепак, навивачите од Македонија, но и од ширум Европа се подготвуваат да ги бодрат македонските фудбалери.

Во Рим ќе биде организирана фан-зона за македонските навивачи која ќе биде на Piazzale di Ponte Milvio во Рим. Таму ќе биде и зборното место на навивачите утре од 14 часот, каде се очекува да пристигнат најголемиот дел од нашите навивачи кои ќе бидат на „Олимпико“ утревечер од 20.45. Од оваа локација сите заедно ќе се упатат на стадионот.

ПретходноС.Б. ОД СКОПЈЕ ГО ОСВОИ СЕНЗАЦИОНАЛНИОТ ВЛТ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 20.890.990 ДЕНАРИ
СледноЛекарите, сепак, препорачаа пауза: Трајковски не ќе може да истрча против Италија!