Алесандро Флоренци, бекот на Милан е споменуван во аферата со коцкање на италијански фудбалери. Адвокатите на играчот тврди дека Флоренци се коцка на илегални сајтови, но не се обложува на фудбалски натпревари.
Италијанскиот репрезентативец се најде во друштво на Заниоло, Тонали и Фаџиоли, меѓутоа агентите го „чистат“ неговото име.
„Флоренци зборуваше со обвинителите, кажа дека никогаш не се обложувал на фудбалски натпревари, а нема докази дека направил такво нешто за да биде покренато обвинение“, изјавија адвокатите на играчот.
Тој, исто така, посочи дека Флоренци не играл на нелегални платформи и на јавниот обвинител му ги дал сите барани појаснувања, надевајќи се дека ќе ја дефинира својата позиција што е можно поскоро.
Додека Сандро Тонали и Николо Фаџоли и двајцата признаа дека се обложувале на фудбалски натпревари, па затоа добија суспензија од 10 и седум месеци.
Заниоло и Флоренци никогаш не се обложувале на фудбал, се коцкале само на илегални сајтови за игри како покер, блек џек и рулет.
А претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина потврди дека Флоренци не е под истрага за обложувања на фудбалски натпревари, па нема да се бара суспензија за него и покрај тоа што користел илегални сајтови за коцкање.
За ова се очекува играчите на Астон Вила и Милан да добијат само парични казни, наместо суспензија од фудбалот.