Алкалоид и Аеродром го отворија 11. коло во Супер-лигата. Победата му припадна на вицепрвакот, кој ја оправдата улогата на фаворит, славеше со убедливи 42-28 за 11. триумф во исто толку одиграни меча.
Кирил Лазаров комбинираше на оваа средба, па противникот тоа добро го искористи, по првото полувреме Аеродром имаше негатива од само еден гол (19-18). По одморот сликата се промени, ракометарите на Алкалоид одиграа на повисоко ниво, со серија од 8-0 поведоа со 28-20. На другата страна гостите беа немоќни, набрзина негативата страна двоцифрена 34-24 за крај на сите надежи.
Кофиловски и Савревски постигнаа по девет гола кај победникот, на другата страна Мелоски имаше шест погодоци.