Дали е ова најдобриот состав на Македонија на сите времиња? Дарко, Гранде Горан, Милко, Џина, Муто….(ФОТО)

3257

Македонија all time или дали е ова најдобриот тим, најдобриот состав на Македонија на сите времиња? Фејсбук страницата “Istorija ex yu fudbala“ се занимаваше со ова прашање и успеа да го состави идеалниот тим на сите времиња кога станува збор за фудбалска Македонија во нејзината историја.

Формацијата е 4-3-3, а на голманската позиција е Драган Мутибариќ. Во одбраната се Кирил Дојчиновски и Илија Најдоски, десно Вујадин Станојковиќ а лево Кирил Симоновски Џина, иако тој играл во својата кариера и на други места во тимот. Во средниот ред се Кочо Димитровски, Тони Савевски и легендата Мето Спасовски кој на “Маракана“ во Рио му даде гол на Бразил. Се разбира зад шпицовите е Гранде Горан Пандев, а во самиот напад фудбалерот на векот Дарко Панчев и Милко Ѓуровски, можеби најталентираниот фудбалер во историјата на Македонија, со најголем потенцијал.

May be an image of soccer, football and text that says 'CF CF Pančev M. Đurovski AM Pandev LM Savevski RM M. Spasovski DM K. Dimitrovski LB CB RB Simonovski Dojčinoyski Najdoski Stanojković GK Mutibarić www.buildlineup.com'

Сега некој ќе каже а каде се Васил Рингов, Бошко Ѓуровски, Гоце Седлоски, Драган Канатларовски, Чеде Јаневски, Елиф Елмас, Артим Шаќири и уште многу, многу, можеби десетици други?

Но има место само за единаесет и толку е.

Се разбира дека секој има право на свој вкус, иако можеме да го пофалиме иницијаторот на ова зошто во Македонија никогаш, никогаш и никој досега не направил вакво нешто.

Сепак најмногу од целиот состав импресионира нападот. Пандев – Панчев-Милко. Ако овие тројца некогаш играа заедно тогаш јасно е дека Македонија секако би се пласирала без проблеми на неколку ЕП и СП.

Каков напад? Страшен напад!!!

ПретходноТрансфер „бомба“ во најава: Мурињо во јуни се враќа во Премиерлигата?
СледноУЕФА подготвува казна за Косово поради свирежите на израелската химна