МЗТ Скопје го расплака Драган Николиќ во Златибор

379

Актуелниот македонски првак ја запиша втората победа во АБА 2-лига оваа сезона, прва на турнирот на Златибор. Избраниците на Васко Атанасов славеа против Сутјеска, тимот на својот некогашен тренер, Драган Николиќ со 64-93.

„Сино-белите“ без мака дојдоа до бодовите, од стартот го наметнаа своето темпо, „набилдаа“ разлика која до крајот само ја заголемуваа.

Војдан Стојановски со 17 поени и 6 асистенции беше прв стрелец, зад него беше Танасковиќ со 13 поени, 11 имаше Вокру.

МЗТ Скопје добро го отвори мечот, со серија од 18-2 ја запиша првата двоцифрена предност (10-20), после првата четвртина имаше позитива од плус 14 (14-28). Кошаркарите на актуелниот македонски првак не застанаа тука, на стартот на вториот дел имаа водство од 15-36. Со нови пет поени „сино-белите“ дојдоа на плус 24 (17-41). Ова беше момент кога поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Драган Николиќ не можеше да најде решение. На одморот резултатот беше 31-49.

Во третиот период, Сутјеска успеа да се доближи на минус 11 (42-53). Васко Атанасов беше принуден да повика тајм-аут за да ги разбуди своите момци, не сакаше да се повори Хелиос. Кошаркарите брзо се консолидираа, дојдоа до водство од над 20 поени (46-67).

Оваа предност беше доволна за да македонскиот тим дојде до посакуваната цел. Отвори со 17-1 за 51-84 на четири минути до крајот.

МЗТ Скопје турнирот на Златибор го затвара против Борац.

ПретходноПрекрасно: Теренот на Арената е тепих!
СледноЃоковиќ загуби сет против Хуркач, па вечерва ќе навива за Синер