Милевски: Имаме императив, Италија е во топ 3 во светот!

210

„СпортСпорт“ во Рим, Игор Ивановски

За првпат со тројца „мускетари“ нашиот национален тим истрча на прес конференција пред еден квалификациски меч. Тука на „Олимпико“, селекторот Благоја Милевски со капитените Енис Барди и Елиф Елмас им се обратија на новинарите.

Селекторот Благоја Милевски на тоа дали се надева на нов подвиг над Италија напомена:

Многу пати кажувам дека секој натпревар е посебна приказна на себе. Никој не може да биде ист, ова што не очекува утре е посебен сам по себе кој носи убавна но и тежина. Ние сме тука да го дадеме она што е најквалитетно од нас. Сме во фаза на создавање на млад тим кој ќе биде конкурентен во наредните 4-5 години и сме на добар пат.

Тука не сме дојдени туку така, иако немаме некој императив во оваа квалификациска група. Не очекува квалитетен ривал кој е во топ 3 во светот, не само во Европа. И во СКопје докажавме дека може да бидеме конкурентни“.

Во составот на Италија има многу промени, Милевски анализира:
Нема да смени нешто многу селекоторот на Италија затоа што мојот колега располага со многу голем број на квалитетни играчи на сите линии, сите позиции… Од таа страна не би требало да очекуваме големи измени во играта на Италија. Секој си има свој план, така и Италија така и ние…. ќе видиме што ќе донесе натпреварот“.

Дали притисокот кон Италија е шанса за нас:

Јас гледам како ние треба да биде.е Како тактички, така физички и ментално треба да бидеме на високо ниво. За противникот не треба да се трошат зборови. Фокусот е на нас и таму сум насочен“.

За повреда на Трајковски: „За жал поради повреда тој нема да биде утре со нас и се надевам дека што поскори ќе се врати на терените“.

Капитените се оптимисти: „Од никого не се плашиме…“

ПретходноКапитените се оптимисти: „Од никого не се плашиме…“
СледноСелекторите во проблемите: УЕФА направи промена на едно правило за ЕП 2024!