„СпортСпорт“ во Рим, ИГОР Д. ИВАНОВСКИ
Алесандро Бастони е уште еден во низата репрезентативци на Италија кои утре нема да се појават на теренот на „Олимпико“ за мечот со Македонија. Како што утрово потврдија од таборот на „аѕурите“, Бастони и дефинитивно отпаѓа поради повреда, а на негово место Спалети веднаш го повикал Џанлука Мансини од Рома.
Дефанзивецот на Интер има повреда на потколеницата и го напушта тренинг кампот во Фиренца. На негово место доаѓа дефанзивецот на Рома.
Во текот на ноќта голманот Викарио имал мала треска, па затоа, како мерка на претпазливост, повикан е и голманот на Аталанта, Марко Карнесеки, денеска ќе пристигне во базата на Италијанците.