Фалангата со 1.000 навивачи утре ќе го „нападне” Рим

265

Спортспорт во Рим, Игор Д. Ивановски 

Македонската фудбалска репрезентација утре на стадионот „Олимпико“ во Рим ќе го одигра препоследниот натпревар во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година.

И на оваа гостинска средба, нашите фудбалери ќе имаат поддршка од трибините, се очекува „Фалангата“ да брои околу 1000.

До вчера беа продадени 407 билети, околу 100 се резервирани за Вип-ложата, додека според најавите до утре пред мечот треба да бидат продадени околу 500 карти.

Македонија на последните три пресметки против Италија се покажа како незгоден противник, скорот е две ремија и победа за нашата репрезентација.

Мечот е закажан со почеток во 20:45 часот.

ПретходноУ-21: Уште едно лошо издание на избраниците на Цапар, пораз од Грузија! (ВИДЕО)
СледноНе е срамота да се загуби, срамота е кога се игра без душа…