Реал и Барселона во трансфер војна: Кој ќе го добие Нико Вилијамс?

233

Реал Мадрид и Барселона влегоа во уште една битка надвор од теренот, овој пат за големиот талент на Атлетик Билбао.

Крилото на Баскијците, Нико Вилијамс, привлече големо внимание со своите последни настапи, па шпанските гиганти веднаш тргнаа да го облетуваат. Се очекува тој да биде ставен пред сериозно искушение во својот избор, бидејќи од една страна со Каталонците ќе добие шанса да се развива и да биде дел од импресивна млада екипа, а од друга страна, во Мадрид би бил соиграч со Џуд Белингем.

Реал, исто така, има финансиска предност пред Барса, бидејќи „Марка“ тврди дека „Кралевите“ се подготвени да платат висока сума за играчот уште во јануари, што би било доста блиску до 50 милиони евра.

ПретходноДалас запиша деветта победа, Филаделфија поразена од Бостон (ВИДЕО)
СледноНадежите против Грузија ќе го дадат максимумот, целта е победа!