Селекторите во проблемите: УЕФА направи промена на едно правило за ЕП 2024!

372

Европското фудбалско првенство ќе се игра од 14 јуни до 14 јули 2024 година во Германија. За разлика од претходното, УЕФА одлучи да промени едно важно правило.

Во 2021 година, поради пандемија коронавирус, селекторите можеа да пријават 26 играчи на ЕВРО. УЕФА оцени дека нема да има потреба ова правило и истото го промени.

Така, селекторите повторно ќе можат да земат „само“ 23 играчи за ЕП во 2024 година, односно три помалку од претходниот шампионат.

Тоа секако ќе биде главоболка за одредени селектори, особено за оние во посилните репрезентации кои имаат голем фонд на квалитетни играчи, како Франција, Португалија, Англија и слични селекции.

ПретходноМилевски: Имаме императив, Италија е во топ 3 во светот!
СледноМодриќ за трансферот на животот: Седиш ли? Сакаат да играш за нивниот тим!